Анастасија Ражнатовиќ со семејството Гудељ го слави Ѓурѓовден во Севиља
Цеца Ражнатовиќ отпатувала кај ќерката и зетот каде се појавила во елегантен фустан.

Цеца цело време била насмеана и расположена, а за оваа прилика се одлучила за долг фустан со голем шлиц и голи рамена.
Насмеана позира со Оливера Гудељ, која исто така е облечена во свечен долг фустан со детали од тантела.

Семејството Гудељ славело во дворот на луксузна вила, а Оливера насмеана позирала со Немања, кој е во лежерно издание – фармерки и црна кошула, пишува српски Блиц.


