Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025 во Индија

По подолг период отсуство од манифестацијата, Македонија оваа година има своја претставничка на претстојниот избор за „Мис на светот”, чие финале ќе се одржи на 31 мај во градот Хајдерабад, Индија, а фестивалските активности траат цел месец. Земјава ќе ја претставува дваесетгодишната Чарна Невзати.

– Чест и задоволство да ја претставува Македонија, нашето национално богатство и култура, вели Чарна Невзати.

Чарна е 20-годишна студентка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје каде е двоен победник, со освоена специјална награда за најдобар сценски настап „Бранко Ѓорчев“ и е победничка на 26. Ораторска вечер „Иво Пухан“. Професионално се занимава со моделинг, како дел од модната агенција „Макс Моделс”, со низа модни кампањи за познати домашни и светски брендови.

Чарна Невзати ќе биде дел од 72-от избор на убавина за „Мис на светот” на кој ќе учествуваат 120 држави.

Организаторот избор на мис во Македонија, Шаќир Села, кој е сопственик на модната агенција „Даман” во Истанбул, очекува Чарна да биде достојна амбасадорка на македонската убавина, култура и вредности на светската сцена и најдобро ќе ја промовира државата на светско ниво.

МИА

Најчитани вести