На социјалните мрежи кружи видео од тројца туристи, кои си ги ризикувале животите за да се искачат на Попокатепетл и да се фотографираат.
Локалните медиуми наведуваат дека ги игнорирале предупредувањата на Цивилната заштита дека приближувањето на активен вулкан во централно Мексико може да има фатални последици.
Еден од најактивните вулкани
Попокатепетл е висок 5.426 метри и е еден од најактивните вулкани во Мексико. Забележани се повеќе од 20 ерупции од доаѓањето на Шпанците во оваа земја во 1519 година, а последната голема се случила на 21 декември 1994 година.
На објавената снимка се гледа како млад човек се качува до работ на кратерот, а по неколку моменти и вжештената лава.
Туристите позирале за селфи, и покрај строгите ограничувања. Властите постојано предупредуваат дека постои ризик од експлозии и исфрлање на црвени жешки фрагменти од карпи, пренесува The Sun.
CRAZY CRAZY!…..Sound up 🔊
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) May 6, 2025
Three people climbed to the crater of Mexico's Popocatépetl volcano, despite official warnings. The video, shows them ignoring safety protocols from CENAPRED, which had restricted access within a 12-kilometer radius. pic.twitter.com/FNiv8mv9L3
Тие се искачија на Попокатепетл на 30 март, а нивната авантура предизвика жестока дебата на мрежите. Некои сметаат дека туристите се „многу храбри“, додека други сметаат дека се „несовесни и неодговорни“.
Властите го критикуваа нивниот чин, нарекувајќи го „исклучително опасен“, особено имајќи ја предвид вулканската активност на Попокатепетл и можноста за непредвидливи ерупции.
„Нема причина да ми е жал ако нешто им се случи“, „Не е баш паметно“, „Шокантно. Не го ценат ниту својот живот, ниту семејството“, „Боже! Ова е целосно лудило“, гласат дел од коментарите на мрежите, објави српски Телеграф.


