(ФОТО) Пици со моцарела „Папа Лав“ и фигури со неговиот лик: Во Неапол одбележан изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква

Во Неапол денеска изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква беше одбележан со пици направени со моцарела, наречени „Папа Лео“ и фигури од теракота со ликот на новиот папа.

Сопственикот на една пицерија во стариот шпански кварт во Неапол, Чиро Месере, изјави дека му се допаѓа првиот говор на папата Лав XIV, во кој тој повика на мир и дијалог.

– Се надевам дека ќе продолжи по патот што го насочи Франциск, особено во однос на вниманието кон најслабите во светот – рече тој, пренесува Анса.

Скулпторката Џени ди Вирџилио рече дека цела ноќ ја поминала правејќи фигури со ликот на папата, врз основа на една од фотографиите направени вчера додека Лав XIV ги поздравувал верниците.

Американскиот кардинал Роберт Френсис Превост беше избран за нов папа во четвртокот, на вториот ден од конклавата во Систинската капела.

Папата Франциск почина на 21 април на 89-годишна возраст, пишува српски Блиц.

Најчитани вести