Иако дипломирала на Факултетот за стручни студии за криминалистика и безбедност во Ниш, со насока социјално-образовна и поправна работа, Параќинката Анѓелка Урошевиќ (28) досега не се занимавала со малолетничка деликвенција. Сè уште не нашла работа во професијата, а единствената врска со малолетници, кажува на шега, моментално е нејзината петгодишна ќерка Миња. Но, и фактот што речиси една година плете лулашки за бебиња, исто така привлече внимание. Особено идните мајки, нагласува нашата соговорничка, објаснувајќи дека сакала само да научи да плете, не и било важно што.
Минатото лето таа си го скршила зглобот на ногата и не можела да избегне носење гипс.
– Додека одмарав во кревет, ми беше ужасно здодевно, па барав занимање што ќе ми го окупира вниманието. Читање не ми беше доволно. Мајка ми сакаше да ме научи да плетам, но не бев заинтересирана. Потоа одеднаш решив да го совладам плетењето и почнав да барам материјал. Ја научив техниката за кратко време на интернет, освен за пуфи ќебенцата – Анѓелка открива како почнала да се занимава со ваков вид рачна работа.

Комплет бебешка колекција
Доволно се усовршив, па плетам и бебешки гнезда и подлоги за пресоблекување. Исто така, имам цели комплети корпи со различни големини кои служат како организери за складирање на бебешка козметика. Гнездото е можеби попрактично од лулката, добро е за попладневна дремка. Мајка ми многу добро плете ќебиња, капи, ленти за коса и разни други работи, па практично ја комплетиравме целата бебешка колекција – вели Анѓелка.

На некој што никогаш не зел игла за плетење во рака, сето ова може да му изгледа премногу напорно. Но, не е. За само два дена, успеала рачно да ја изработи првата корпа. А потоа вниманието на Интернет и го привлекле страници со плетени лулки. Нејзината сестра била бремена во тој момент, па решила да направи и да ѝ подари токму плетена лулка. Во таква лулка, новороденчето може да се изнесе од породилното одделение, но и да спие првите неколку месеци. На почетокот ѝ било тешко додека совладувала некои „финти“, но потоа сè тргнало мазно.
Хобито на Анѓелка почнало да го надополнува семејниот буџет на Урошевиќ, што е доста важно бидејќи оваа млада мајка е невработена, објави Новости.рс.


