Професорката Кеј Клив има фантастични предлози за сите што стареат – значи, за сите!
Кеј Клив е инфлуенсерка – таа има речиси 1,5 милиони следбеници на Инстаграм и го живее животот „максимално“ на 76-годишна возраст.
Таа ја започнала својата кариера како наставничка во Австралија и Англија, но исто така вежбала акробатски вештини во циркуско училиште, па затоа сè уште има фантастична физичка подготвеност и флексибилност. Редовно вежба и е особено посветена на прашањата поврзани со стареењето и – што е уште поважно – на нашето сваќање за стареењето.
Кеј има мастер диплома од Универзитетот во Сан Франциско, докторска титула од Универзитетот во Аделаида и била истражувачки соработник на Калифорнискиот универзитет во Беркли. Често држи предавања, а сега пишува сценарио за филм за стареењето.
Покрај сите нејзини успеси, таа докажа дека Инстаграм воопшто не е „само за млади“ како што многумина веруваат. Мисијата на Кеј Клив е да ги „отргне“ стереотипите поврзани со возраста и да ги освои социјалните медиуми со своите духовити клипови.
„Дури ни во шеесеттите години, не се гледав себеси како стара. Сега, во седумдесеттите години, свесна сум дека другите ме гледаат како постара личност“, вели Кеј. Затоа не пропушта да ја покаже и другата страна на стареењето – како во видеото во кое го покажува тоа, како што вели – „што прават старите луѓе кога ќе дојдат дома“, пишува lepaisrecna.mondo.rs.
Во видеото, ја гледаме Кеј како се враќа дома цела средена, во црн мини фустан и со шешир, кој го вади уште од врата, а потоа ја отфрла облеката парче по парче. Последен од бањата го„исфрла“ градникот, а потоа Кеј излегува – во удобни пижами со „леопард“ дезен.
Ако очекувавте некое „здраво“ освежување, тогаш сте се излажале. Кеј го отвора замрзнувачот, вади кутија сладолед и со неа во рака, се сместува пред телевизор. Како и многу помлади од неа, кога дојдат дома уморни, нели?


