Претрес во Струмица, пронајдена дрога, едно лице лишено од слобода

 Полициски службеници од СВР Струмица синоќа во 21:35 часот  го лишиле од слобода З.Р.(53) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопшти денеска МВР, пронајдени се и одземени марихуана и семки од растението канабис, соопштија денеска од МВР.

Според информацијата од полицијата, лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести