Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, приведени шест лица

Во акциска полициска контрола за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик во Тетово вчера се приведени шест лица. 

На улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, соопштија денеска од МВР, во периодот од 12.00 до 14.30 часот полициски службеници од СВР Тетово при контролата, од слобода се лишени И.И.(59) од с.Камењане, тетовско, Р.И.(66) од с.Ларце, тетовско, Н.М.(59) од с.Селце, тетовско, Р.С.(46) од с.Горно Палчиште, тетовско, Р.А.(37) и Б.З.(64), двајцата од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“ по член 279-б од Кривичниот законик.

– Имено, при контролата кај овие лица пронајдени се и одземени вкупно 453 штеки разновидни цигари и 199 килограми разновиден тутун. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести