Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин бил во епицентарот на интензивен напад на украински беспилотни летала за време на неговата посета на регионот Курск, изјави командантот на дивизијата за противвоздушна одбрана Јуриј Дашкин за ТВ каналот „Русија 24“.
Како што се наведува во текстот на веб-страницата на ТВ-каналот, според Дашкин, интензивниот напад со беспилотно летало бил успешно одбиен и руската армија целосно ја осигурала безбедноста на претседателот.
Потсетуваме, Путин на 20 мај го посети Курскиот регион во рамки на работната посета. Тој одржа состанок со лидерите на општините во регионот и рече дека ги има сите информации за состојбата во регионот Курск, бидејќи владата, но и армијата и специјалните служби го известуваат, објави novosti.rs


