Адидас и Пума најверојатно ќе го следат примерот на Најк во зголемувањето на цените на патиките и спортската облека во САД, бидејќи увозните царини ги зголемуваат трошоците на мало, велат аналитичарите и инвеститорите.
Најк, најголемата компанија за спортска облека по продажба и пазарна вредност, во средата соопшти дека следната недела ќе ги зголеми некои цени, наплаќајќи до 10 долари повеќе за чевли кои моментално чинат повеќе од 150 долари, објави Ројтерс.
Роберт Кранковски, аналитичар кој ги следи состојбите со спортската опрема, вели дека тоа е моментот што го чекале Адидас и Пума.
„Ова не е специфично за Најк, станува збор за зголемување на трошоците низ индустријата, бидејќи тарифите ќе влијаат на сите“, додаде тој.
Двата германски брендови за спортска облека неодамна најавија дека нема први да ги зголемат цените, туку чекаат да видат што ќе направат нивните ривали.
Во април, американскиот претседател Доналд Трамп воведе општи царини од 10 отсто за целиот увоз во САД, додека повисоки царини од 30 отсто важат за Кина.
Она што повеќе ги загрижува големите брендови за спортска облека е тоа што клучниот центар за производство на обувки и облека во Виетнам дека во јули ќе биде вратена огромната царина од 46 отсто, објави Б92.


