Летната сезона полека започна, а судејќи според првите впечатоци на туристите од Грција, цените во омиленото место на нашите луѓе – Пефкохори – се речиси исти како и минатата година. Лежалките се уште се достапни со нарачаниот пијалок, а просечната цена на кафето се движи од четири до шест евра.
Цените на пивото на шеталиштето се движат од четири до пет евра, кафето е околу три евра во просек, а соковите помеѓу 2,5 и три евра. Гиро е три евра, додека поголем оброк како пица е околу седум евра по лице.
Порција суфлаки со помфрит е околу 10 евра, бургери се 12, а бифтек од 19 до 25 евра. Порција мешано месо за двајца е околу 25 евра.


