(ВИДЕО)Татко се расплака додека ја опишуваше агонијата од пукањето во училиштето во Грац

„И звонев на телефон на ќерка ми но не се јавуваше“. Очаен татко се расплака додека ја опишуваше агонијата по пукањето во училиште во Грац.

Австрија е во шок поради масовната пукотница во училиштето „Борг“ во Грац, во која 21-годишниот Австриец Артур А. уби девет лица, од кои повеќето беа деца.

Поранешен ученик на споменатото училиште, вооружен со пушка и пиштол, утрово влегол во оваа образовна институција и почнал да сее смрт. Откако убил девет и повредил 12 лица, тој извршил самоубиство во тоалетот.

Родителите минуваа низ агонија додека чекаа информации за своите најблиски. Новинарите на порталот „Хојте“ разговараа со еден од нив – Михаел (51), татко на две деца. Неговата 16-годишна ќерка не е повредена.

Како што раскажа, за пукањето во училиштето слушнал од пријател. Отишол со втората ќерка на местото кое требало да биде најбезбедно, но денес се претворило во најстрашното место во Австрија.

– Ја повикав ќерка ми двапати, но таа не се јави на мобилниот телефон – рече Михаел додека солзи му ги наполнија очите.

Кога конечно се јави и рече дека е безбедна, камен му падна од срцето.

Неговата ќерка, заедно со други ученици од училиштето каде што бил извршен масакрот, ќе биде префрлена со автобус до блиската сала „Хелмут Лист“, каде што ќе разговара со психолози.

„Не знам дали е добро сè уште“

Лекарите сè уште се борат за животите на неколку тешко повредени, кои се распоредени низ болниците во покраината. Како што рекоа од една од болниците, две жртви се во критична состојба. Пет други се тешко повредени и моментално се оперирани. Еден наставник е меѓу ранетите.

– Сè уште не знам дали е добро. Ова е едноставно ужасно – рече еден од пријателите на ранетиот наставник.

Најмалку осум лица беа убиени во пукотницата во училиштето во Грац, а „кобрите“ се на местото на настанот, објави српски Блиц.

Најчитани вести