(ВИДЕО) Се урнал хеликоптер, настрадале сите патници меѓу нив и едно дете!

Хеликоптер се урнал во во индиската држава Утаракханд, при што загинаа седум лица, меѓу кои и двегодишно дете, објави телевизискиот канал News18.

Според телевизискиот канал, трагедијата се случила во утрово. Во хеликоптерот имало шест патници и еден пилот.

„Трагедија се случи во Утаракханд: Хеликоптер на пат кон храм се урна, при што загинаа сите седум лица во него“, соопшти каналот на социјалните мрежи.

Индиската новинска агенција ANI, повикувајќи се на локалниот оддел за воздухопловство на Утаракханд, известува дека хеликоптерот се урнал во близина на селото Гаурикунд во Утаракханд.

Спасувачките служби пристигнале на местото на несреќата.

Според ANI, лошото време би можело да биде прелиминарна причина за катастрофата.

Најчитани вести