Продолжува потрагата по убиецот во Минесота – понудена е награда од 50.000 долари за информации

Полицијата во Минесота продолжува со потрагата по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиствата на демократската претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг.

Бирото за кривични истраги на Минесота соопшти дека Бојтлер е висок 198 см, тежи околу 100 килограми и има кафеава коса и кафени очи.

Последен пат бил виден во саботата наутро во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави, светли панталони и носел темна чанта.

„Сè уште не знаеме дали се вклучени повеќе лица, можно е да има и други лица со него и би сакале да разговараме со секој што можеби стапил во контакт со него“, изјави полицаецот Дру Еванс.

Федералното истражно биро (ФБИ) објави фотографија на која, како што вели, се гледа Бетлер како стои пред домот на еден од конгресмените, со маска и облечен како полицаец.

ФБИ нуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до апсење и осуда на Бетлер.

Кој е Ванс Лутер Бетлер?

Лутер Бетлер живее во округот Сибли, во близина на градот Грин Ајл.

Тој работи како директор на безбедносни патроли за безбедносните служби на Преторијанската гарда. Претходно работел како генерален директор на синџир продавници за мешовита стока и фабрика за храна.

Мелиса Хортман, поранешната претседателка на Претставничкиот дом на Минесота и актуелна конгресменка, и нејзиниот сопруг беа убиени во пукотница во Минесота, додека демократскиот сенатор на државата, Џон Хофман, и неговата сопруга беа сериозно ранети во напади што американските власти ги опишуваат како „акти на политичко насилство“, пишува РТС.

Најчитани вести