Српската Влада одобри вработување на 100 најдобри дипломирани студенти од медицинските факултети во државата

 Српската Влада даде согласност Министерството за здравство да ги преземе сите мерки во рамките на својата надлежност со цел вработување во здравствените установи на најдобрите 100 дипломирани студенти од медицинските факултети.

На тој начин би им се овозможило на лекарите по медицина да работат и да се усовршуваат во сопствената земја, што придонесува за подобрување на здравствената заштита и целокупниот развој на медицинската наука во Србија.

Договорено е и дека најдобрите 500 дипломирани од средните медицински училишта, кои моментално се вработени на определено време, да бидат вработени на неопределено време.

МИА

Најчитани вести