Во Франција денеска ќе се одржи вонреден состанок на Советот за одбрана на кој ќе се разговара за најновите случувања на Блискиот Исток откако САД извршија воздушни напади врз Иран, соопшти француското претседателство.
Францускиот претседател Емануел Макрон, кој за ова прашање разговараше со неколку лидери, вклучувајќи го и саудискиот престолонаследник, во текот на денот ќе одржи разговари со европските и регионалните лидери, се вели во соопштението на Елисејската палата.
Во соопштението се додава дека ќе се направи сè за да се забрза заминувањето на француските граѓани кои сакаат да ги напуштат Иран и Израел.
МИА


