Маричиќ: Ако не влеземе во ЕУ до 2030, ќе ни бараат други модели кои ќе важат за проблематичните држави

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Само интервју“ на Канал 5 се осврна на интеграциите на државата и процесот на проширување на Европската унија

„Германската Влада јасно става до знаење дека е спремна до 2030 година да обезбеди ново проширување доколку кандидатите се спремни, доколку ги исполнат условите до тогаш. ЕК ако ја прашате денес кои се тие држави, ќе ви каже сигурно може да каже за Црна Гора најмногу и ЕП донесе резолуција каде што ја означува таа држава како кандидат кој е најнапреден во преговорите, покрај нив тука се и Албанија и Молдавија. Украина е прашање како ќе се реши таму мировниот договор, целокупен пакет на прашања. Но Украина веќе ги отвори преговорите, скринингот ќе го заврши и тече тоа. Овие три држави – Молдавија, Албанија и Црна Гора се спремни за влез. Северна Македонија, ќе може да се придружи на тој пакет ако во догледно време ја прескокне пречката на уставните измени и продолжи со кластерите. Ако чекаме долго ние ќе мораме пак да одиме на скрининг затоа што во меѓувреме ќе има ново законодавство на ЕУ. Ако одиме на скрининг пак тоа е веќе големо одложување“ порача Маричиќ.
Тој посочи дека ако Македонија не ја искористи сегашната шанса, тогаш целиот процес може да се искомплицира и за нашата држава да се бараат поинакви модели.

„Во германската влада во договорот на германската влада за тие држави кои нема да бидат спремни до 2030, се вели, ќе се бараат нови модели, различни модели за интеграции и соработка“ додаде Маричиќ.