Во сообраќајка тешко повреден сопатник на мотоцикл

На 28.06.2025 околу 12.20 часот во Полициска станица Ресен е пријавено дека на регионалниот пат Макази-Маркова Нога, на место викано „Горици“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(31) од с.Бистрица, битолско и мотоцикл со шведски национални ознаки, управуван од Н.М.(19) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот В.Л.(20) од Битола, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести