ВЛЕН: Дијаспората заслужува одговор со каков договор ја предаде Али Ахмети

По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите“ не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал.

Затоа, Али Ахмети мора јасно да одговори: Со кој договор? Со кого беше постигнат? Во чие име? Дали тој договор значеше бришење на албанската дијаспора од официјалните регистри? Ако е така, тогаш тоа мора јавно да се признае. Дијаспората заслужува одговор, а одговорноста е неизбежна.

ВЛЕН ќе продолжи да го крева гласот за правата на секој Албанец, во земјата и во дијаспората.
Дијаспората не е бројка што може да се избрише, туку срцето што ја одржува живa економијата и надежта на оваа земја.
Ние ја цениме нивното жртвување и сме решени да не дозволиме ниту една политичка измама да го негира нивниот придонес.

Коалиција ВЛЕН

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести