Во сообраќајка тешко повредена 46 годишна скопјанка

Во СВР Скопје вчера во 20,35 е прјавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(24) од Република Турција, со престој во Скопје, и патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната Ј.П. од Скопје. 

Во несреќата Ј.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести