Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин

На патниот правец Истибања – Македонска Каменица, во близината на ресторанот „Саваро“, попладнево околу 18 часот,  се преврте приколка од камион. Сообраќајот е во прекин, се чека дигалка со која превртената и искршена приколка ќе се отстрани од патот.

Од СВР Штип го потврдија настанот и информираа дека на местото на несреќата е испратена увидна екипа, која треба да ги утврди околностите под кои дошло до превртувањето на приколката.

До завршувањето на увидот, возилата се пренасочуваат кон алтернативни патни правци. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести