Агенција за странски инвестиции и Царинска управа: Зајакната институционална соработка во насока на привлекување инвестиции

Зајакната институционална соработка во насока на привлекување инвестиции

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, оствари работна средба со заменик директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Мустафа Даути, на која се разговараше за продлабочување на институционалната соработка во функција на унапредување на инвестициската клима во земјата.

Фокусот на средбата беше ставен на неколку клучни теми:

➡️ Зголемување на поддршката кон извозно ориентираните компании, преку навремена размена на информации и оперативна координација меѓу институциите;

➡️ Заеднички активности за креирање транспарентна, предвидлива и конкурентна регулаторна рамка, која ќе го олесни влезот и работењето на странските инвеститори во Северна Македонија;

➡️ Унапредување на дигитализацијата и интеграцијата на процесите поврзани со инвестициската и царинската документација.

Двете институции ја изразија својата подготвеност за воспоставување на постојан механизам за комуникација и координација, со цел навремено решавање на евентуалните предизвици на терен и подобрување на услугите кон инвеститорите и извозниците.

✅ Институционалната синергија претставува основа за креирање стабилна и атрактивна деловна клима, која е од суштинско значење за забрзан економски развој и зголемување на странските директни инвестиции.

✅ Заедничката заложба е јасна: поефикасни институции, предвидлива регулатива и силна поддршка за економски раст.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести