Осврнувајќисе на состојбите во правосудниот систем и изгласаната интерпелација на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, министерот за правда во интервју за Пресс24.мк вели дека без самостојно и непристрасно обвинителство, нема ниту правна држава, ниту вистински напредок.
,,Интерпелацијата сама по себе не би ја коментирал, но секако сметам дека е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите. Не мислам дека е добро било кој именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом. Наш приоритет е враќањето на довербата во правосудниот систем и зачувување на неговата независност и интегритет. Како Влада, сме цврсто решени да не дозволиме обвинителството да биде перципирано – а уште помалку да функционира – како инструмент на било која политичка партија. Обвинителството мора да биде независно, професионално и ослободено од било какви притисоци, без разлика од каде доаѓаат.
Неодговорени останаа голем број случаи, особено оние што се однесуваат на висока корупција, што уште повеќе ја поттикнува перцепцијата дека правдата се применува селективно. Тоа директно го нарушува кредибилитетот на обвинителството. Не може да зборуваме за правна држава додека постои сенка на сомнеж за политичко влијание во носењето на обвинителски одлуки” , потенцира Филков.


