Пожар во моторот на туристички брод кај Закинтос – безбедно евакуирани сите 168 патници

Пожар избувна претпладнево во едниот од моторите на туристички брод со 168 патници и седум членови на екипажот додека пловел во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Закинтос, а сите туристи биле евакуирани и безбедно пренесени на пристаниште, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека пожарот бил изгасен од членовите на екипажот на бродот што пловел под грчко знаме, а веднаш по избувнувањето во морскиот дел пристигнале еден патролен брод и приватни чамци.

Сите патници биле преземени од приватните чамци и безбедно префрлени на пристаништето во Агиос Николаос на Закинтос.

МИА

Најчитани вести