Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше начинот на кој медиумите го следат неговиот претстоен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, закажан за петок.
Во објава на социјалната мрежа Трут Соушл (Truth Social), тој изрази незадоволство од наводната пристрасност на медиумите. „Медиумите кои се однесуваат многу нечесно, напорно работат да го омаловажат мојот состанок со Путин. Постојано цитираат отпуштени губитници и навистина глупави луѓе како Џон Болтон, кој неодамна изјави дека, иако состанокот се одржува на американско тло, ‘Путин веќе победил’“, напиша Трамп. „Што воопшто значи тоа? Ние победуваме во СÈ. Лажните медиуми работат прекувремено (без данок на прекувремена работа!). Доколку би ги добил Москва и Ленинград (Санкт Петербург од 1991 година) бесплатно, како дел од договор со Русија, лажните медиуми би рекле дека сум направил лош договор!“, напиша американскиот претседател на неговаљта социјална мрежа.
Трамп, исто така, истакна дека медиумите се „фатени“ во корупц
МИА ија, нарекувајќи ги „болни и нечесни луѓе кои веројатно ја мразат нашата земја“. „Но, тоа не е важно, бидејќи победуваме во сè!!! МАГА“, порача тој.
Покрај тоа, американскиот претседател објави кратка порака пред разговорите со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Наскоро ќе разговарам со европските лидери. Тие се прекрасни луѓе кои сакаат да се постигне договор“, напиша тој.
Напредок на руските сили во Украина
Во меѓувреме, руските сили постигнаа дополнителен напредок во источниот украински регион Доњецк, тврди Кремљ. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги зазеле подрачјата Затишок и Заповидне, користејќи ги руските називи на населбите „Суворово“ и „Никаноровка“. Извештаите од бојното поле засега не можат да се потврдат независно, додава Скај Њуз.
МИА


