Трамп има ас во ракавот: Еве кој ќе му се придружи на средбата со Путин

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на самитот во Алјаска ќе му се придружат американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, главниот воен советник на претседателот, генерал Ден Кејн, и командантот на силите на НАТО и САД во Европа, генерал Алексус Гринкевич.

Како што изјави за ABC News висок воен функционер на НАТО, Гринкевич и Кејн, кој претседава со Здружениот штаб на вооружените сили, ќе бидат присутни на самитот во Алјаска за да му обезбедат воена поддршка на Трамп во време кога американскиот лидер „се стреми да ја заврши оваа војна на мирен начин“.

Генералот Гринкевич има клучна улога во координирањето на новиот пакет воена помош за Украина, чија вкупна вредност моментално изнесува 1,5 милијарди долари.

Најнови вести

Најново од Свет