Левандовски не оди во Саудиска Арабија

Водечките екипи од Саудиска Арабија се обидуваат да донесат што е можно повеќе фудбалери од европскиот континент. Според Мундо Депортиво полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ги одбил понудите на екипите Ал Хилал и Ал Наср, кои преку инвестициски фондови му понудиле фиксна плата од 100.000 евра по сезона плус бонуси.

Ленадовски се заблагодарил на понудите, со напомена дека сака да игра фудбал на највисоко ниво и дека има амбиции со Барселона да ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите.

Веста ја потврди и менаџерот на играчот, кој сепак остави можност трансфер да направи следното лето.

Во овој преоден рок во екипи од Саудиска Арабија трансфери направија Дарвин Нуњез, Жоао Феликс, Кингси Коман

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести