Минск тврди дека дроновите „се изгубиле“ и оти и белоруските сили собориле неколку беспилотни летала

Заменик-министерот за одбрана на Белорусија, Павел Муравјеика изјави дека дроновите случајно навлегле во полскиот воздушен простор откако биле попречувани навигациските системи.

Според него беспилотните летала „се изгубиле“ и оти и над територијата на Белорусија се соборени неколку дронови.

Муравјеика тврди дека синоќа од 23 до четири часот по локално време белоруските сили делеле информации со Полска и Литванија за изгубените дронови.

Претходно, премиерот на Полска, Доналд Туск пред Долниот дом на полскиот Парламент ја обвини Белорусија за упад.

– Она што е ново, тоа е правецот, првпат не е од Украина, како порано, грешка или ситна провокација на Русија, туку директен упад од Белорусија, посочи Туск.

Тој синоќешниот инцидент го поврза со руско-белоруската воена вежба „Запад-2025“, што треба да се одржи од 12 до 16 септември во западна Русија и Белорусија.

Дроновите кои упаднаа кај нас и кои се соборени, се само дел од поголема операција. В петок почнуваат многу агресивни воени вежби, агресивни бидејќи станува збор за симулација на акции околу коридорот Сувалки, што е еден од целите на руските операции. Контекстот е очигледен – предизвикување хаос, немир во Полска. Ова е повеќе од провокација, посочи Туск. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести