Без вода корисници на улиците „Партениј Зографски“ и „Ацо Караманов“  од Центар

 Без вода денеска од 08.30 часот ќе бидат дел од  корисниците од ул.„Партениј Зографски“ и дел од ул. „Ацо Караманов“  во општина Центар, најави ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Причина за прекинот е уличен водоводен дефект од Ф. 80мм на ул.„Партениј Зографски“ бр.60 во Центар, а ќе трае до завршување на активностите.

МИА

Најчитани вести