(ВИДЕО) Џенифер Лопез русокоса заради снимањето на новиот филм

Американската глумица и пејачка Џенифер Лопез изгледа непрепознатливо на новообјавените фотографии на „Инстаграм“… А пак, некои обожаватели помислија дека тоа е Гвен Стефани.

Џеј Ло го промени својот изглед за својата нова улога. Имено, таа ja глуми улогата на Аурора во политичката драма „Бакнежот на жената-пајак“ (Kiss of the Spider Woman) во режија на Бил Кондон. За новата прилика, латиноѕвездата позираше во „пин-ап“ стил, носејќи лента за коса и црвен кармин.

„Да се глуми Аурора беше како да се танцува низ златното доба на киното… Со сјај, гламур и многу танцување. Враќањето во времето никогаш не било позабавно“, напиша Лопез во објавата.

„Бакнежот на жената-пајак“ ја раскажува приказната за политички затвореник, Валентино, кој е во затворска ќелија со Молина, осуден за нарушување на јавниот ред. Филмот првпат беше прикажан во јануари оваа година на Филмскиот фестивал „Санденс“. Во кината ширум светот доаѓа следниот месец.

МИА

Најчитани вести