Улицата „Мирче Ацев“ во текот на утрешниот ден ќе биде без вода за пиење, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како причина се наведува поврзување од стара на нова водоводна мрежа.
Предвидено е корисниците од оваа улица да останат без вода од осум часот до завршување со работните активности.
МИА


