Герасимовски вети бесплатни оброци за учениците и екскурзија низ Македонија

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, денеска информираше дека од следната година сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен и здрав оброк, со што родителите ќе се ослободат од трошоците за исхрана во училиште кои моментално изнесуваат 2.500 денари месечно. 

Тој рече дека Центар е општината која најмногу вложува во образованието, а сите осум училишта се целосно реновирани, со најдобри услови за настава и педагошки процес. 

„Во Буџетот за следната учебна година, предвидуваме бесплатни, здрави и одмерени оброци за сите 2197 ученици од прво до четврто одделение кои изнесуваат 2500 денари месечно по ученик“, изјави Герасимовски. 

Во своето видео обраќање, Герасимовски најави и дека за учениците од петто до деветто одделение се обезбедува бесплатна тематска екскурзија „Ја сакаме Македонија“ за да цената се запознаат со македонската традиција, култура, историја и природни убавини. 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести