ИПАРД Мерка 7: Неповратни грантови до 600.000 евра за развој на руралниот туризам

Во текот на годинава се очекува објава на нов ИПАРД јавен повик за популарната Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ преку која се доделуваат неповратни грантови до 600.000 евра за инвестиции во изградба, реконструкција и опремување на сместувачки капацитети и угостителски објекти. Од исклучителна важност е да се напомене дека физичките и правни лица кои планираат да аплицираат треба да се подготват навреме, односно препорачливо е проектната апликација да биде подготвена уште пред објавата на повикот.

ЦЕЛИ

Клучна цел на приоритетниот сектор „Рурален туризам“ е поддршка на развојот на руралниот туризам преку инвестиции во:

  • развој на објекти за рурален туризам
  • создавање и модернизација на сместувачки капацитети и угостителски објекти
  • креирање на рановидни рекреативни услуги во руралните средини
  • развивање на активности што се поврзани со обичаите, занаетчиството и типичните видови храна

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија
    • Најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра
  3. Задруги
  4. Здружени правни лица

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 600.000 евра.

Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60-70% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 10.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 10.000 евра нема да се разгледуваат.

ВИДОВИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Со ИПАРД можете да инвестирате во:

  • целосно опремување на објекти за рурален туризам
  • изградба на нови објекти за сместување и угостителство
  • реконструкција и адаптација на постојни објекти за сместување и угостителство
  • набавка на фотоволтаици за потребите на објектите

Видови на објекти за кои може да се аплицира за грант:

  • Туристичко сместување во внатрешен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби)
  • Туристичко сместување на отворено (кампови, бунгалови, камп-приколки)
  • Угостителска дејност (готвење и служење на храна)
  • Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги
  • Обезбедување на простории за дегустација, продажба и директен маркетинг на производите
  • Рурални музеи (згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини, како и ботанички и зоолошки градини)
  • Обезбедување на простории за семинари и обуки, едукативни фарми
  • Обезбедување на рекреативни активности за туристите

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

Во рамки на предлог-проектите може да се аплицира за неповратни 60-70% од вкупните трошоци за:

  • Набавка на нова опрема за сместувачки капацитети (мебел, апарати и друга опрема за санитарен дел, административен дел, заеднички простории итн.)
  • Набавка на нова опрема за угостителство и кујнска опрема, вклучувајќи кујнски и угостителски прибор
  • Опремување на рекреативни и спортски објекти (отворени и затворени), базени
  • Набавка на опрема и машини за уредување на дворови, декорација на градини, патеки, фонтани, надворешно осветлување, надворешни скари, затворени градини, летниковци, видиковци, маси и седишта за пикник итн.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби
  • Компјутерска опрема и софтвер

Покрај опрема и машини, може да се инвестира и во изградба на нови или реконструкција/реновирање на постоечки објекти кои ќе се користат како сместувачки капацитети или угостителски објекти, и тоа:

  • Набавка на градежни материјали и елементи за издрадба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет)
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување
  • Сите потребни работни операции и услуги (уривање, подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, занаетчиски активности, транспорт и монтажа, инсталациски работи, подготовка на земјиште и пристапни патишта, садење и расадување)

ПРИФАТЛИВИ ЛОКАЦИИ

Основен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Живеалиштето на физичкото лице или седиштето на правното лице кое аплицира може да биде и во друго населено место, важна е локацијата на инвестицијата.

Прифатливи локации се селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Погледнете ја целосната официјална листа на сите 1774 прифатливи локации на овој линк.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Клучни документи кои се поднесуваат во рамки на апликацијата се деловен план во кој детално е опишана планираната инвестиција, пазарните аспекти, карактеристиките на услугата, технолошкиот процес, финансиската конструкција, како и целосно пополнето барање за финансиска поддршка.

Покрај овие документи, во зависност од апликантот и типот на инвестиција се доставуваат придружни документи и понуди за планираните трошоци, согласно листата наведена во официјалното упатство за корисници.

✅ ДСИ Консалтинг нуди целосна и професионална подготовка на проектни апликации за сите акредитирани мерки од ИПАРД III програмата.

За повеќе информации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести