Фалафел

Фалафелот е традиционално вегетаријанско јадење потекнува од Блискиот Исток, направено од накиснат и сомелен наут, збогатен со зачини и свежи тревки. Се пржи во длабоко масло и се послужува со јогурт. Овој рецепт е едноставен и идеален за брз ручек или вечера.

Состојки:

  • 250 грама сушен наут
  • 1 кесичка зачин за бургер 
  • 1 лажичка мелен ким (кумин)
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • масло за пржење 

Подготовка:

Наутот прелијте го со вода и оставете го да се накиснува преку ноќ, или најмалку 12 часа.

Исцедете го наутот и ставете го во сечко (блендер). Додадете го зачинот за бургер, кимот и магдоносот. Сомелете сè заедно 2–3 минути, додека не добиете груба паста.

Од добиената смеса обликувајте топчиња – треба да добиете околу 12.

Пржете ги во загреано длабоко масло 3–4 минути, додека не добијат златно-кафеава боја.

Фалафелот можете да го послужите со омилен сос – јогурт, тахини, хумус или во пита-леб со свежа салата.

МИА

Најчитани вести