Модар патлиџан со моцарела

Вкусен модар патлиџан, зеленчук богат со антиоксиданси

          Состојки:
         (за 4 лица)

  • 2 модри патлиџани
  • 3 поголеми домати
  • 250 грама моцарела сирење
  • 4-5 чешниња пире од лук
  • малку грубо рендан пармезан сирење
  • сол и свежо мелен бибер по вкус
  • неколку свежи листови босилек
  • маслиново масло за пржење

Подготовка:

Измијте го модриот патлиџан и исечете го на кругови, посолете го и оставете го настрана околу десет минути, за да ја ослободи горчината.  Исплакнете го модриот патлиџан под ладна вода и исушете го секој круг. Пржете ги во маслиново масло, додека не добијат малку златно-кафеава боја. Ставете ги пржените прстени на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотии.

Пржете го лукот, солта и биберот и добро измешајте сè. Исечете ги доматите и моцарелата на кругови, добро измијте ги листовите босилек. Вклучете ја рерната на 220*C. Намастете плех за печење, ставете хартија за печење и ставете ги пржените прстени од модар патлиџан одозгора, премачкајте ги со лук, ставете прстен од домат, потоа лист од босилек врз доматите, прстен од моцарела врз босилекот и завршете со модриот патлиџан ( ставете двојни редови, за ефект) Сол и бибер по желба.

Ставете ги така подготвените модри патлиџани во рерна и печете додека сирењето не се растопи убаво, околу 5 до 8 минути.

Сервирајте со грубо рендан пармезан и уште малку свеж босилек.

MIA

Најчитани вести