АФПЗРР на 15.10. 2025 г. официјално го најави новиот јавен повик 03/2025 од ИПАРД програмата за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот се очекува да биде објавен во текот на следниот месец, а периодот за аплицирање ќе трае 45 денови.
Исто така, на 10.10.2025 г. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално го најави новиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
За сите заинтересирани лица кои планираат да инвестираат со ГРАНТ од ИПАРД уште една поволност која е новина за ИПАРД 3 програмата, а тоа е можноста за авасна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, по потпишување на договорот.
Корисникот има право да бара авансно плаќање до 50% од вкупната финансиска поддршка, најдоцна до 60 дена од денот на потпишување на Договорот.
Во случај кога има две фази, корисникот има право на авансно плаќање до 50% од износот на одобрената финансиска поддршка на инвестицијата за првата фаза (со исклучок на општите трошоци).
Корисникот е обврзан да поднесе барање за авансно плаќање придружено со банкарска гаранција што одговара на 110% од износот на Авансот.


