Ако сте љубител на кокос, овој колач со јогурт, кокос и какао ќе ве воодушеви. Потребни се само неколку минути за подготовка – без употреба на миксер! Едноставно измешајте ги состојките, растопете го чоколадото за глазурата, прелијте го и почекајте колачот да се испече.
Најдолгиот дел од подготовката е всушност чекањето да се испече.
Состојки:
– 1 чаша јогурт
– 1 чаша млеко
– 1 чаша масло
– 1 чаша кокосово брашно
– 1 ванилин шеќер
– 2 чаши шеќер
– 2 чаши брашно
– половина прашок за пециво
– 2 лажици какао
Глазура:
– 100 г чоколадо
– 3 лажици масло
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки (освен какаото), а потоа додадете какао во прав на половина од смесата. Истурете ја темната смеса во намастен и набрашнет плех, а потоа прелијте го остатокот од смесата врз неа. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час (проверете со чепкалка за заби).
Направете глазура од чоколадо и масло, а потоа прелијте ја врз печениот колач.


