(Фото)Црвени пиперки во сос од сенф – рецепт

Еве еден интересен начин како да подготвите вкусна салата од црвени пиперки во сос од сенф, а истата можете да ја ставите во тегли и да ја чувате како зимница.

Потребни состојки:

2 килограми црвени пиперки,

300 грaма сенф,

1 китка магдонос,

120 мл. алкохолен оцет или 150 мл. вински оцет,

1 полна супена лажица сол,

2 полни лажици шеќер,

300 мл. сончогледово масло или 150 мл. маслиново масло,

црн пипер во зрно и мелен црн пипер,

ловоров  лист,

5-6 чешниња сецкан лук

Начин на подготовка:

2 литри вода се става во сад на оган да зоврие. Во водата се ставаат неколку зрна бибер, 3-4 листа ловоров лист, шеќер, сол, 120 мл. акохолен оцет или 150 мл вински оцет.

Исчистените пиперки се сачат на ленти и полека се стваат во зовриената вода со зачини. Се оставаат да вријат 10- 15 минути, додека да омекнат. Потоа пиперките се цедат од водата и се оставаат да оладат.

Настрана во длабок сад се става сенфот, и полека се додава маслото, при што се мати со миксер додека не се соединат убаво. Во сместа од сенф и масло се додаваат оладените пиперки, убаво се меша, се додава исецканиот лук , малку мелен црн бибер и една киска сецкан магдонос.

Убаво се меша и вака приготвената слата е спремна за јадење. Претставува прекрасен додаток на сите јадења со месо , скара или печење.

Салатата можете да ја ставите во измиени и стерилизирани тегли и да ја чувате како зимница.

Најчитани вести