Состојки за маринада
1 литар оцет
2 литри вода
80 грама сол
80 грама шекер
1/2 пакетче бибер во зрна
2 глави лук
една рака магданос
по потреба масло за јадење,
модар патлиџан 3 килограми

1. Модриот патлиџан исечете го на форми по желба, посолете го и оставете 2 -3 часа да се отстои, па исцедете го.
2. Водата, оцетот, шеќерот, солта и биберот ставете во поголемо тенџере да зовријат. Ставајте во маринадата од модриот патлиџан да проврие на некоја минута, вадете со решеткаста лажица и ставајте го во цедилка. Се така додека се потроши патлиџанот.
3. Во тегли редете од исцедениот патлиџан, помегу редовите ставајте од исецканиот лук и магданос, залијте со зејтин и затворете.
Дел од теглите дополнете ги со мешавина од маслинов и обичен сончогледов зејтин, а дел само со сончогледово масло. Маслото треба да се стави за да пливаат во него патлиџаните, но не плашете се, сепак не е многу.
Кога ќе се наполнат теглите тие се топли, завиткајте ги и оставете за капачките добро да се затворат.


