Солена торта со печени пиперки: Кремаста, богата и преполна со вкус

Лесно е да се направи, а гостите ќе чекаат ред.

5-6 црвени печени пиперки

2 јајца

презла и брашно по потреба

250 г кравјо сирење

1 павлака

100 г мајонез

4-5 кисели краставички

2 варени јајца

200 г шунка

Подготовка:

Печените пиперки исечете ги на половина. Додадете сол, потоа извалкајте ги во брашно, изматени јајца и презла и пржете. Оставете ги пиперките на хартиена крпа за да го впијат вишокот маснотии. Ситно исечкајте ја шунката, киселите краставички и варените јајца и соединете ги со павлака, мајонез и пасирано сирење. Наредете ги пиперките во пластичен сад додека не го покријат дното, потоа покријте ги со филот. Повторете го процесот 2-3 пати додека има материјал. Оладете ја тортата во фрижидер, потоа извадете ја од садот. Декорирајте по желба.

Најчитани вести