Ручек во кој ќе ужива целото семејство.
Потребно е:
4 кременадли
2 лажици брашно
3 лажици павлака
4 чешниња лук
сол, зачини
мелен пипер
лист од магдонос
масло
Подготовка:
Истолчете ги кременадлите и посолете ги. Ставете ги во тава, додадете малку вода и масло и динстајте на тивок оган околу 30 минути. Извадете ги кременадлите и зачувајте ја маснотијата во која се пржеле. Додадете го брашното во маснотијата, добро измешајте, а потоа по неколку минути прелијте со чаша супа и додадете павлака, мелен лук и гответе неколку минути. Ако сосот е премногу густ, додадете повеќе вода. На крајот, додадете ги кременадлите и оставете ги да крчкаат уште пет минути.


