Ќе испадне меко и сочно, наместо жилаво.
Потребно е:
1 кг пилешки џигер
1 голем кромид
500 мл доматен сос
100 мл бело вино
100 г брашно
3 чешниња лук
1 ловоров лист
1 лажичка мешавина од зачини
1 лажичка сол
Подготовка:
Извалкајте го пилешкиот дроб во брашно и испржете го во малку масло. Извадете го на чинија и во истото масло испржете го сечканиот лук и кромид. Вратете го пилешкото дропче, додадете малку вода и бело вино. Зачинете, покријте и варете на тивок оган додека течноста не испари. На крајот од динстањето, додадете доматен сос и варете уште пет минути.


