Вкусни, едноставни и брзи бомбици што се топат во уста.
Состојки:
- 250 грама маргарин
- 250 грама шеќер во прав
- 250 грама мелен бисквит
- 100 грама мелени ореви
- 4-5 лажици рум
- 100 грама суво грозје
Глазура:
- 100 грама чоколадо
- 3 лажици масло
Подготовка:
Изматете маргарин и шеќер во прав, додадете мелени бисквити, мелени ореви и 4-5 лажици рум. Од смесата направете топчиња и ставете по две до три зрна суво грозје во секое. Ставете ги во корпи и прелијте ги со стопено чоколадо.
МИА


