Секторот за внатрешни работи Куманово денеска информираше дека на подрачјето на секторот кој покрива шест општини од североистокот не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и досега процесот поминува без нарушувања на јавниот ред и мир.
– Ве известуваме дека на подрачјето на СВР Куманово не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и до сега изборниот процес поминува мирно без никакви нарушувања на јавниот ред и мир, соопштија од СВР Куманово.
Право на глас во најголемата општина денеска имаат 94.041 избирачи кои гласаат на 164 избирачки места.
МИА


