Прегазен велосипедист на мостот Гоце Делчев во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило марка „Пасат“ со скопски регистерски таблички и велосипедистот, кој починал на самото место.
“Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот”, известуваат од МВР.
МВР


