Во Собранието едукативна активност „Имам став!“ за ученици од средните училишта

Во Собранието денеска ќе се одржи едукативна активност „Имам став!“ за ученици од средните училишта.

На настанот, како што информираат од собраниската прес-служба, учесници ќе бидат од СОУ „Ѓорѓи Димитров“ – Скопје.

Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија.

Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост.

МИА

Најчитани вести