Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско од 18:00 часот се одвива наизменично, информира АМСМ.

Претходно од АМСМ соопштија дека сообраќајот на овој патен правец од 17:10 часот беше во прекин поради случена сообраќајна несреќа.

Во несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести