Жител на Скопје бил претепан и ограбен откако отишол со жена во мотел, а таа му ветила дека ќе донесе уште една жена. Но, наивниот скопјанец го чекало непријатно изненадување, соопшти Обвинителството.
„На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во “поубав и поевтин хотел”. Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта“, велат од ОЈО.
Обвинителството поведе истрага и бара притвор за разбојниците – двајца мажи и две жени, од кои едната е во бегство.
Според Обвинителството, четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила му одзеле 200 илјади денари.
извор: slobodenpecat.mk


