Иако неговиот син, кој штотуку стана полнолетен, заработува повеќе од 16 милиони евра годишно, Мунир Насрауи продолжил со својата стара работа, собирајќи картони низ Барселона.
Мунир е 36-годишниот татко на суперталентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал.
И во интервју за шпанските медиуми, тој дава неколку изненадувачки изјави за животот и односот со неговиот син.
„Многумина зборуваат глупости. Велат: „Зошто не работиш? Зошто живееш од својот син?“ Па, да, јас живеам од својот син и му благодарам за тоа. Мојот син не мора да ме носи во дом за стари лица, сè уште можам да работам. Собирам картонски кутии низ Барселона и ги продавам за осум центи по килограм“, изјавил Мунир, кој бил избоден на паркинг пред една година, пишува српски Курир.


