репрезентацијата. Деталите станаа познати само од извештајот добиен вчера вечерта кој содржеше медицинска препорака за одмор од 7-10 дена, се вели во соопштението на веб-страницата на Шпанската фудбалска федерација.
Во октомври, каталонскиот весник „Спорт“ објави дека 18-годишниот фудбалер страда од пубалгија, но Јамал подоцна ги отфрли гласините за неговата повреда како лаги.
На 15 ноември, шпанската репрезентација ќе игра против Грузија, а на 18 ноември ќе играат против Турција во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
МИА


